More

    Ракета на Хутите стигна до аеродромот во Тел Авив

    spot_img

    Владејачкото шиитско движење во северен Јемен, Ансар Алах (Хути), соопшти дека користело ракета „Палестина 2“ за да го нападне аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив. Нападот е извршен во време кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се враќал во Израел од САД.

    – Јеменските воздухопловни сили го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив користејќи хиперсонична балистичка ракета „Палестина 2“ за време на пристигнувањето на премиерот на непријателскиот ентитет Бенјамин Нетанјаху – изјави синоќа портпаролот на армијата на Хутите, Јахја Сари.

    Претходно вчера, лидерот на Ансар Алах, Саид Абдул-Малик ал-Хути рече дека надежите на Евреите не се оправдани по убиството на политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханије, и рече дека нивните надежи биле залудни и по смртта на Хасан Нусрала.

    – Фронтовите на поддршка ќе продолжат и ќе растат и покрај напорите на израелскиот непријател и нема да ги изневериме нашите два драги народи во Либан и Палестина – рече лидерот на групата Хути.

    Сирени вчера се огласија низ централен Израел, а израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека една ракета била истрелана од Јемен, а околу 90 биле истрелани од Либан во правец на Израел.

    Во Тел Авив и околните градови е активирана воздушна тревога, пишува „Тајмс оф Израел“. Повеќето од нападите на либанската група Хезболах беа насочени кон северен Израел, но и неколку ракети со долг дострел беа истрелани во правец на Тел Авив и на Западниот Брег, се вели во соопштението.

    Јеменското движење Хути вчера изрази жалење поради смртта на водачот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала и рече дека ќе продолжи да ја поддржува групата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img