Рајанер поради трошоци ќе ги зголеми цените на авио билетите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради зголемените трошоци за гориво, ирскиот нискобуџетен Ryanair одлучи да ги зголеми цените на авионските билети, изјави шефот на Rynair во Германија, Андреас Грубер за германската новинска агенција dpa. Зголемување на цените најавија и во германска Луфтханза.

Како што предвиде шефот на Rynair во Германија, Андреас Грубер, просечната цена на авионски билет најверојатно ќе порасне од 40 на 50 евра за пет години.
Во Рајанер се обидуваат да го ублажат влијанието на поскапувањето на горивата со склучување на форвард договори за нивно купување со фиксни цени и купување на евтин керозин за акции, но и покрај тоа не можат целосно да ги избегнат последиците, посочи Грубер.

Според неговата проценка, во овие тешки економски услови, тие се уште одржуваат предност пред другите конкуренти во индустријата. „За време на рецесијата повеќе луѓе ќе внимаваат на цената на билетите“, смета Грубер.

Кога станува збор за зголемувањето на билетите, Рајанер не е изолиран случај во споредба со другите авиокомпании. Зголемување на цените на билетите веќе најави германската авиокомпанија Луфтханза.

Како што пренесува германската новинска агенција ДПА, сегашните прогнози покажуваат дека за ирската нискобуџетна компанија завршува периодот на значителен пад на бројот на патници предизвикан од пандемијата „Ковид-19“. Во финансиската година, која трае од април 2022 до март 2023 година, се очекува Ryanair да превезе 166 милиони патници во Европа, што е многу над нивото пред пандемијата.

Грубер очекува во наредната финансиска година да биде забележан уште поголем број патници, поточно над 185 милиони.

Share This Article