More

    Градоначалникот на Свети Николе не сака фабрика за отпад под нос

    spot_img

    Формиран е меѓуопштински одбор за управување со отпад за 18 општини од истокот и североистокот од државата. Тоа е индиректен одговор на противењето на општина Свети Николе која не сака локацијата на регионалната депонивја да биде во едно од нејзините села.

    Светиникослкиот градоначалник  Дејан Владев го повтори својот став од пред две недели, останува против фабриката за отпад да се гради кај Мечкуевци. Одлуката ќе се донесе и на седница на Совет и по цена да му бидат одземени ингеренциите од Министерството за животна средина.

    Граѓаните на Свети Николе се поделени. Голем дел се против постојната локација.

    Проектот за регионална депонија почна пред 12 години. Парите се грант од Европската унија, а целиот проект се реализира во неколку фази.

    Вкупната вредност е 46 милиони евра.

    Прво требаше да ги опфаќа само 11 општини од истокот, а подоцна се приклучи Свети Николе и општините од кумановскиот регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img