More

    Радио водител ги повика слушателите да пукаат во премиерот!

    spot_img

    Водителот на локалната радио станица Варегем1 во Белгија ги охрабри слушателите да пукаат во премиерот Александар Де Кро за време на преносот, пренесува VRT.

    Тој го направи тоа како одговор на обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо.

    Водителот се извини, но премиерот сепак поднесе жалба против него. Радио станицата го суспендира водителот.

    – До сите оние кои размислуваат да го застрелаат Александар Де Кро, но не се осмелуваат да го сторат тоа поради обезбедувањето на тој тип. Гледате дека е можно да се пука во премиерот. Па јас би рекол: напред – гласи дословна изјава на водителот
    Во меѓувреме, радиостаницата реагираше на инцидентот.

    „Вчера на Варегем1 имаше погрешна изјава на вработен. Водителот вели дека се шегувал, но не испадна така. Им се извинуваме на слушателите“ – соопштија од радиостаницата.

    Директорот на Варегем1, Лудо Даелман, го суспендира водителот.

    – Тој целосно погрешно го процени времето и контекстот. Оваа изјава беше погрешна и му објаснив дека тоа не е можно. Целосно соработуваме со истрагата – изјави Даелман.

    Во оваа прилика се огласи и водителот, иако преку својот адвокат.

    „Сфаќам дека дадов сосема погрешна изјава, изјава која не може да се одобри под никакви околности. Искрено жалам и доколку премиерот Де Кро е подготвен да го стори тоа, би сакал да одам на состанок за посредување“ – стои во изјавата на водителот.

    По скандалот реагирала полицијата која стапила во контакт со радио станицата, а потоа и со водителот.

    Јавното обвинителство сега води натамошна истрага.

    Тој не е уапсен, но белгискиот премиер поднел жалба против него, потврди неговиот портпарол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img