Радио телевизија на Црна Гора (РТЦГ) соопшти дека земјата се враќа на „Евровизија“. Кој ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“, ќе се одлучува преку натпревар што ќе го носи името „Монтесонг“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Радио телевизија на Црна Гора (РТЦГ) соопшти дека земјата се враќа на „Евровизија“. Кој ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“, ќе се одлучува преку натпревар што ќе го носи името „Монтесонг“.

Веста е објавена и на официјалната евровизиска веб-страница, каде се потсетува и дека Црна Гора последен пат учествуваше во 2022 година со Владана и нејзината песна „Breathe“.

Учеството во 2025, ќе биде 13. на Црна Гора, откако за првпат се појави во 2007 година во Хелсинки. Претходно, оваа држава се натпреваруваше како дел од Србија и Црна Гора во 2004 и 2005 година.

Од нејзиното учество во 2007 година, Црна Гора двапати заврши во евровизиско финале. Најдобриот резултат, оваа земја го постигна во 2015 година – 13. место со песната „Адио“ на Кнез.

Share This Article