Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса побегна од земјата со воен авион, откако илјадници протестирачи како мравки влегоа во неговата резиденција, а потоа продолжија и ја запалија вилата на премиерот Викремесинге. Раџапакса ја остава Шри Ланка среде најголемата економска криза во последните децении. Луѓето немаат храна и гориво, а постојано се сооуваат со прекини на струјата.
Воздухопловните сили на земјата потврдија дека 73-годишниот летал кон Малдивите со неговата сопруга и двајца безбедносни службеници. Тие пристигнаале во главниот град, Мале, околу 03 часот по локално време, дознава Би-Би-Си.
Извор за Би-Би-Си изјавил дека г-дин Рајапакса нема да остане на Малдивите и има намера да отпатува во трета земја. Неговиот брат, поранешниот министер за финансии, Басил Рајапакса, исто така ја напушти Шри Ланка и се вели дека ќе оди во САД.
Додека Шри Ланка се разбуди со веста, илјадници луѓе излегоа на улиците на главниот град Коломбо. Многумина се собраа на „Galle Face Green“, главното место за протести во градот. Се држеа жестоки говори на импровизирана сцена поставена за обичните луѓе да можат да го земат микрофонот. Се извикуваше „Борба за победа“.
Некои демонстранти беа бесни поради заминувањето на г-дин Рајапакса, гледајќи недостаток на одговорност.
– Не ни се допаѓа. Но, сакаме да го задржиме. (Бидејќи) ги сакаме нашите пари назад! И сакаме да го ставиме сите Раџапакса во отворен затвор каде што ќе може да работи како на фарма – рече демонстрантот ГП Нимал.
Но, 23-годишниот универзитетски студент Решани Самаракун изјави за Би-Би-Си дека егзилот на поранешниот претседател нуди „надеж дека во иднина на крајот можеме да станеме развиена земја, економски и социјално“.
Лидерот, кој ужива имунитет од гонење додека е претседател, се верува дека сакал да побегне во странство пред да се повлече за да ја избегне можноста за апсење од страна на новата администрација.
Заминувањето на г-дин Раџапакса стави крај на семејната династија која владееше со Шри Ланка со децении.Претседателот се криеше откако толпа луѓе упаднаа во неговата резиденција во саботата и вети дека ќе поднесе оставка во среда на 13 јули.