More

    Радев вели дека уставните измени се европско, а не бугарско барање

    spot_img

    Бришењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од регистарот во Македонија е израз на паника и немоќ според бугарскиот претседател Румен Радев. Тој од Брисел изјави дека 1.300 години во земјава постојат Бугари со бугарско самочувство, а дека барањето за уставните измени од бугарско станало европско барање, пренесува Бгнес.

    – Многу лошо. Тоа решение (за бришење на клубот) е израз на паника, на немоќ. Власта во РС Македонија треба да признае дека има македонски Бугари со бугарско самочувство и тоа е од пред 1.300 години, има бугарска историја, културно – историско наследство. Бришењето на името (на клубот) нема да ја избрише тврдата решеност на Бугарија и ЕУ РС Македонија да ги впише Бугарите во Уставот. Тоа е правна обврска – изјави Радев и додаде:

    – Впишувањето на Бугарите во Уставот е апсолутно задолжително. Прашањето е кога РС Македонија ќе одговори – не на нашите, туку  на европските очекувања и барања и тоа треба да биде јасно разбрано – рече Радев.

    За бришењето на бугарскиот клуб се огласи и бугарското МНР со изјава дека Бугарија ќе се обрати до Европската Унија за заштита на правата на Бугарите во Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img