More

    Радев ја оцени како антиевропска и кобна за националниот оператор за гас

    spot_img

    Одлуката на бугарската влада за зголемување на тарифите за транзит на руски гас наиде на осуда и од бугарскиот претседател Румен Радев како и од странски медиуми и бугарски аналитичари.

    Радев предупреди дека погрешната одлука на владата може да доведе до „докапитализација на националниот оператор за гас Булгартрансгаз и негов банкрот, но и дека ги нарушува европските вредности за кои се залага Бугарија.

    – За каква европска солидарност и европска интеграција зборуваат нашите владетели ако навлегуваат во земја членка на ЕУ, сојузник и партнер во НАТО и Европската унија, земја со која имаме длабоки културно-историски врски и која е една од главни инвеститори – рече бугарскиот претседател.

    Според него, тоа е кршење на европските норми и веќе потпишаните договори.

    На 13 октомври Бугарија воведе акциза од 20 лева (10 евра) за секој мегават час транзит на руски гас. Новата транзитна такса е приближно една петтина од сегашната основна цена на гасот ТТФ (50 евра по мегават-час). Обично, транзитните такси не надминуваат неколку проценти од реалната цена на гасот.

    Во заедничката декларација Унгарија и Србија посочија дека чекорите на Бугарија го загрозуваат нивното снабдување со енергија.

    „Фајненшл тајмс“ ги опиша бугарските тарифи како „казнени“ кои обично се наметнуваат за да се ограничат активностите на противниците.

    Транзитните такси ги коментираше и Станислав Бачев, бугарски политиколог, експерт за меѓународни односи и геоенергетика. Тој оцени дека одлуката на Бугарија за зголемување на таксата за транзит на руски гас е донесена со цел да се постигне краткорочна цел – целта не е да се „казнуваат“ Србија или Унгарија, туку е резултат на погрешни процени и неспособност на властите,

    Според него, одлуката за воведување данок на транзитот на рускиот гас, благодарение на кој годишно ќе се слеваат дополнителни 2,5 милијарди лева во бугарската каса, има неколку аспекти и води до неколку заклучоци, вели експертот.

    – Прво, од перспектива на бугарската Влада, станува збор од финансиска и од дипломатска, односно од геополитичка природа. Од една страна, тоа е невешт обид да се генерираат приходи кои би помогнале да се реализира краткорочната геополитичка цел за намалување на буџетскиот дефицит. Важно е да се спомене дека буџетот за 2023 година, кој веќе завршува, беше донесен дури летово, кога веќе помина половина година. Ова го покажува нивото на политичкиот слој кој не е способен да прогнозира, планира и води финансиска политика на државата – вели експертот.

    Бачев оценува дека одлуката не само што е неправилна, туку и опасна, бидејќи не ги зема предвид другите последици на дипломатско ниво и во односите со земјите кои се директно засегнати од таа одлука.

    – Во овој случај целта не ги оправдува средствата. Сега ќе бидеме уште подлабоко вовлечени во финансиските проблеми. Во геополитиката и дипломатијата, ваквите одлуки се носат само како форма на мека моќ насочена кон удар на земја. Тоа е форма на санкции, а како што постојано се потврдува, санкциите кон другите земји не функционираат како механизам, тие го поскапуваат производот или стоката. Значи, имате еден истрел: ако пукате и ја промашите целта, тоа ја намалува довербата меѓу земјите. Во овој случај, не се работи за желбата да се „казнуваат“ земји како Србија или Унгарија – ова е резултат на неспособност, а ударот врз тие земји е последица која очигледно не била предвидена – смета експертот.

    Сепак, додава тој, има уште еден аспект што повторно ја покажува зависноста на Бугарија.

    – Владата има договор со турската компанија Боташ. Гасот што се испорачува од Турски тек преку територијата на Бугарија наскоро транзитно ќе се испорачува не како руски, туку како турски гас. Така, производот ќе остане ист, само името се менува. И тука завршува „генијалниот“ потег на Владата. Ќе има гас, но Турција ќе добива повеќе приходи, додека Бугарија ќе плати за изгубената доверба во билатералните односи со земји како Србија и Унгарија. Уште еднаш покажуваме дека не знаеме кои се нашите национални интереси. А кога тоа не го знаеш, испаѓа дека штитиш туѓи национални интереси – поради непознавање кое е соодветното решение, поради неспособност и национално предавство – наведува Бачев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img