More

    Хирург од Србија ја претепал сопругата

    spot_img

    Познат хирург од Воено-медицинската акамедија во Белград, потполковникот Н.О. е уапсен под сомнение дека вчера со дршка од пиштол ја претепал својата сопруга.

    „Постои основано сомнение дека во јануари годинава повеќепати ја претепал својата четириесет и двегодишна сопруга, ја удирал по главата и телото, ја удирал со клоци и ја задавил со кабел, нанесувајќи и тешки телесни повреди“, се наведува во соопштиле на српското МВР.

    Според натписите во српските медиуми осомничениот утре ќе биде изведен на распит пред белградското Обвинителство. Тој се терети за кривичното дело семејно насилство.

    Српските медиуми објавуваат дека кај сопругата на познатиот хирург биле констатирани тешки физички повреди. Неофицијално, се здобила со скршеница на четири ребра, надлактица и повеќе хематоми.

    Блиц.рс објави дека полицијата го затекла хирургот пред вратата од станот, а внатре биле сопругата и трите малолетни деца. Сопругата имала видливи повреди на лицето. Жената, која била вработена во српското Министерство за одбрана првично рекла дека имало расправија меѓу нив, но дека повредите на главата и биле стари, од пред две недели. И уапсениот хирург имал исто тврдење. Од него биле одземени неговиот пиштол, за кој поседувал дозвола, како и пиштолот на неговиот брат.

    Откако и биле констатирани повеќе тешки повреди, сопругата на приведениот хирург изјавила дека од почетокот на годината неколкупати физички и психички ја злоставувал, ја тепал, и се заканувал со убиство, уринирал по неа и ја давел со кабел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img