More

    Работниците со бенефициран стаж треба да изберат од кој пензиски фонд ќе примат пензија

    spot_img

    Работниците кои според закон оствариле најмалку една година бенефициран стаж треба да направат избор дали ќе го продолжат членството во задолжителниот пензиски фонд, соопшти Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

    Период во кој може да се поднесе изјава е од 17 јуни до 17 септември годинава.

    „Членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 17 септември 2024 година“ се наведува во соопштението.

    Како што се наведува во соопштението, изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 17 септември 2024 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане.

    „По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (Фондот на ПИОСМ)“, се вели во соопштението.

    Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека лицата кои во претходните години доставиле изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно да ја достават истата изјава.

    Ставот 3 од членот 118 од законот за пензиско и инвалидско осигурување гласи:

    „Осигурениците од Главата VII – Стекнување и остварување на правата на определени категории осигуреници под посебни услови кои се вклучиле во вториот пензиски столб можат, по сопствен избор, да остварат право на пензија од прв столб согласно со членот 34 од овој закон и право на пензија од втор столб согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или единствено право на пензија од прв столб согласно со закон при што вкупниот износ на средства од нивната индивидуална сметка се пренесува во Фондот за исплата на старосна пензија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img