Путин суспендиран од џудо сојузот

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Меѓународната џудо федерација го суспендираше рускиот претседател Владимир Путин од функцијата почесен претседател и амбасадор.Рускиот претседател има црн појас во џудо, пишува Би-Би-Си.

Ова е само една во низата спортски санкции кои ѝ беа најавени на Русија во последните денови, а сето тоа е последица на руската инвазија на Украина.

Да потсетиме, и Гран При на Формула 1, што треба да се одржи во септември во Сочи, беше откажана.

Претходно беше најавено дека финалето на Лигата на шампионите во 2022 година ќе се игра во Париз, а не во Санкт Петербург.

Дополнително, Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) објави дека поради влошената ситуација во Украина повлекува два од овогодинешните турнири во Лигата на нации за одбојкари, кои требаше да се одржат во јуни и јули во Русија.

Share This Article