Путин воведува прогресивен данок за да ја финансира војната

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Русија планира реформа на даночниот систем за да го зголеми приливот во државниот буџетот од следната година  за дополнителни 2,6 милијарди рубљи (околу 26,5 милијарди евра) кои ќе се трошат за потребите на војската. Според податоците, расходите за војската надминуваат 8% од домашниот бруто производ (БДП) на Русија и речиси една третина од овогодишниот државен буџет.

Според најавата, во Русија ќе биде воведен прогресивен данок на доход кој ќе ги таргетира богатите, а се планира и зголемување на даноците на претпријатијата. Предлогот за ваквата реформа на даночниот систем е најавен од  рускиот претседател Владимир Путин за време на кампањата за претседателските избори одржани во март.

Реформаta носи драматична промена во споредба со претходната даночна политика на Путин која започна  во 2001 година, кога беше воведена рамна даночна стапка од 13% како замена за сложениот даночен систем кој го имаше дотогаш во Русија. Во во 2021 година стапката е зголемена на 15% и се однесуваше на оние кои заработуваат повеќе од 5 милиони рубљи (нешто повеќе од 51.000 евра) годишно.

Сега руското Министерство за финансии сака да го намали нивото на примена на таа даночна стапка, која би ја покривала годишната заработка од 2,4 милиони рубљи (околу 24.500 евра) на 5 милиони рубљи.

Но, тоа не е се, бидејќи се воведуваат и нови даночни категории, така што оние кои заработуваат меѓу 5 и 20 милиони рубљи годишно (до околу 204.000 евра) ќе бидат оданочени со стапка од 18%о, оние кои заработуваат меѓу 20 и 50 милиони рубљи (до околу 509.000 евра) ќе плаќаат данок од 20%, а оние кои заработуваат повеќе од 50 милиони рубљи годишно ќе бидат оданочени со стапка од 22%.

Според истиот предлог, корпоративниот данок ќе се зголеми од 20 на 25%.

Доколку предлогот биде усвоен од руската Дума, промените на даночната политика ќе стапат на сила следната година. Владата најави дека во буџетот ќе додадат дополнителни 2,6 милијарди рубљи (околу 26,5 милијарди евра).

Кремљ реформата ја оцени како праведна и соопшти дека таа ќе влијае на три отсто од вкупната работна сила во Русија.

Share This Article