Рускиот претседател Владимир Путин унапреди висок затворски функционер неколку дена по смртта на водечкиот опозициски лидер Алексеј Навални, јави ДПА.
Заменик-шефот на Федералната казнена служба (ФСИН) Валери Бојаринев беше унапреден во чин генерал-полковник во Министерството за внатрешни работи.
Директорот на Фондот за борба против корупцијата, организацијата основана од Навални, на Телеграм напиша дека Бојаринев е лично одговорен за тортурата на опозиционерот во затворот.
– Ова треба да се сфати како отворена награда од Путин за тортурата – рече Иван Жданов.
Според него, новоименуваниот генерал-полковник бил одговорен за последователно вознемирување на Навални.
За унапредувањето на Бојаринев денескасе дозна по објавувањето на соодветниот претседателски декрет во правната база на податоци на Кремљ. Покрај него, во чин генерал се унапредени уште тројца полициски службеници.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, негираше каква било поврзаност помеѓу смртта на Навални и унапредувањата.
Навални (47) почина во петокот во затворска колонија во Сибир.