Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати „искрени честитки“ до кинескиот претседател Си Џинпинг, кој ја доби поддршката од парламентот за трет претседателски мандат.
„Русија високо го цени вашиот личен придонес за зајакнување на односите меѓу нашите земји“, рече Путин во пораката, соопшти Кремљ.
Тој изрази уверување дека заедничката акција ќе придонесе за соработка меѓу Русија и Кина во повеќе области.
Си Џинпинг денеска го доби историскиот трет мандат како претседател на Кина, по едногласна поддршка во парламентот.