Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер, Александар Лукашенко, денеска во Санкт Петербург одржаа билатерална средба во рамките на состанокот на лидерите на Организацијата на независни држави (ОИК). Состанокот на лидерите на ЗНД започна вчера во неформален амбиент во сала полна со уметнички слики која е дел од Рускиот музеј. Двајцата лидери се согласиле дека „ќе ја слават 2023 година како година на рускиот јазик“.
– Добро опкружување за разговори, вклучително и за сериозни прашања, и од гледна точка на нашите билатерални односи. Јас и ти сме во постојан контакт, животот секој ден ни дава можност да разговараме за некои прашања и да ги донесеме неопходните одлуки за нивно ефективно решение – му рече Путин на Лукашенко.
– Многу ми е драго што на нашата неформална средба можеме да се видиме повторно и повторно да разговараме за тоа што е од заеднички интерес – рече Путин.
Лукашенко пак, изјавил дека „многу од прашањата веќе се решени“.