More

    Путин се прошета во окупираниот Марупол еден ден по меѓународниот налог за негово апсење

    spot_img

    Рускиот претседателот Владимир Путин дојде во ненадејна посета на Мариупол, украинскиот пристанишен град што руските сили го зазедоа откако речиси целосно го разурнаа и уништија, објавија државните медиуми, додавајќи дека слетал со хеликоптер. Ова е прво патување на Путин на териториите окупирани од Русија во украинскиот регион Донбас од почетокот на конфликтот.

    Путин дојде во Мариупол еден ден откако го посети Крим на одбележување на деветгодишнина од руската анексија на полуостровот, а овие негови патувања се коментираат како чин на пркос на одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за негово апсење поради злосторства против човештвото.

    Според руските државни агенции, Путин во Мариупол се прошетал низ градот и разговарал со жителите, а посети повеќе реновирани објекти, а влезе и во дом на едно семејство. За сето тоа владината пропаганда објави видео снимки.

    – Ова е знак на пркос откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Украина вели дека 1.000 од 14.700 киднапирани деца се од Мариупол – изјави Макс Седон, шеф на московското биро на Фајненшл тајмс и експерт за ситуацијата во Русија.

    Мариупол е под руска окупација повеќе од 10 месеци откако беше уништен во една од најдолгите и најкрвавите битки во војната, што ја означи првата голема победа на Русија откако не успеа да го освои Киев и наместо тоа се фокусираше на југоисточна Украина. Украина соопшти дека таму биле убиени повеќе од 20.000 луѓе. Анализата на ОН проценува дека 90 отсто од зградите биле оштетени, а околу 350.000 луѓе биле принудени да си заминат од градот кој пред војната броеше околу 500.000 жители.

    Група локални жители изјавија за „Би-Би-Си“ дека Русија води скапа кампања за обнова на градот и придобивање на жителите. Целта е да се асимилира Мариупол и да стане дел од Русија. Руските власти соопштија дека сега таму живеат 300.000 луѓе.

    Во борбите Русија го нападна театарот во Мариупол каде се засолнуваа стотици цивили. Зградата се урна, а се верува дека таму загинале најмалку 300 луѓе. Украина и групите за човекови права велат дека нападот е воено злосторство. Тоа е еден од инцидентите за кои Путин и неговиот режим би можеле да бидат правно одговорни, соопштија Обединетите нации. Друг таков инцидент е бомбардирањерто на мариуполското породилиште од страна на руските сили.

    Во текот на ноќта Путин ја посети обновената зграда токму на оваа филхармонија.

    Руската телевизија објави неколку видеа на кои се гледа како Путин вози автомобил низ улиците на Мариупол. Руските медиуми објавија дека Путин во неколку наврати го запрел автомобилот и излегол од него за да разговара со жителите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img