More

    Путин пристигна во близина на украинската граница, Кремљ молчи за значајната средба

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин во саботата ги посети командантот на руската армија во Украина и други високи офицери, откако Украина го објави успехот на контраофанзивата на југоисточниот фронт.

    „Владимир Путин одржа состанок во седиштето на групата за специјални воени операции во Ростов на Дон“, се вели во соопштението на Кремљ.

    Кремљ додаде дека Путин слушнал извештаи од Валери Герасимов, началник на Генералштабот на армијата, кој е и врховен командант на силите во Украина, и други високи воени команданти и офицери.

    Претходно Украина, чиј напредок во нејзината контраофанзива е побавен од очекуваното, објави дека ослободила мало село за прв пат од јули.

    Кремљ не соопшти никакви дополнителни детали за средбата и не е јасно кога се одржала средбата.

    На видеата објавени од државната новинска агенција РИА, се гледа како Герасимов го поздравува Путин, очигледно ноќе, и го води во зградата откако се ракува.

    Герасимов, кој ретко се појавуваше во јавноста во последните месеци, беше цел на остри критики од водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин и некои руски воени блогери за неговиот неуспех во војната против Украина.

    Командата на рускиот јужен воен округ се наоѓа во Ростов на Дон, град на околу стотина километри од украинската граница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img