More

    Путин презентираше документ наводно потпишан во Турција

    spot_img

    За време на состанокот со група африкански лидери во Санкт Петербург рускиот претседател Владимир Путин покажа наводен Нацрт-мировен договор со Украина за кој тврди дека е подготвен во март 2022 година во Истанбул, пренесе руската новинска агенција Тасс.

    – Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека со помош на турскиот претседател Таип Ердоган, како што знаете, во Турција се одржаа серија разговори меѓу Русија и Украина со цел да се разработат мерките за градење доверба и да се изготви текстот на договорот. Не разговаравме со украинската страна дека овој договор ќе биде таен, но никогаш не го презентиравме ниту коментиравме. Овој нацрт-договор беше парафиран од шефот на преговарачкиот тим во Киев. Таму го стави својот потпис. Еве го – рече рускиот претседател, покажувајќи ѝ ја хартијата на африканската делегација.

    Путин уште рече дека Нацрт-договорот бил наречен Договор за постојана неутралност и безбедносни гаранции на Украина“.

    Oд Киев засега нема реакции на овие тврдења на рускиот претседател.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img