Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на Министерството за надворешни работи во Москва за неговото учество во спречувањето на „плановите на Западот да ја изолира Русија“.
Според Путин, руските дипломати „чесно ги исполниле своите професионални обврски и дале пример за патриотизам и граѓанска храброст, дури и во најтешките моменти, соочени со сериозни предизвици“, јавува Anadolu Agency.
Денеска се бараат најдобрите квалитети на дипломатската служба, среде хибридната војна започната против Русија. Неопходно е да се користат средствата на надворешната политика за да се одбрани државниот суверенитет и националната безбедност на Русија, рече Путин.
Русија ја зајакна соработката со повеќето членови на меѓународната заедница, најмногу благодарение на напорите на дипломатите. Планот е да продолжиме да работиме на соработка со одговорни меѓународни партнери, рече Путин.
Според него, руската дипломатија ќе продолжи да работи на создавање мултиполарен, вистински демократски светски поредок, заснован на еднаквост, меѓусебно почитување и почитување на меѓународното право.