Путин нема мотивација за преговори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Според анализта на германскиот воен експерт Карло Масала, во моментов рускиот претседател Владимир Путин нема многу грижи, бидејќи во продолжението на војната неговата војска повеќе победува отколку што губи.

– На него добро му оди. Затоа нема мотивација да попушти во преговорите – вели експертот.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, минатата недела соопшти дека Украина дневно губи од 50 до 100 војници. Според проценките објавени во „Гардијан“, бранителите на Донбас досега имаат повеќе од 30.000 загинати и ранети војници, па прашање е уште колку ќе бидат во состојба да издржат. Од друга страна, руските сили со приближувањето на фронтот со Северодоњецк, заземаа повеќе територија од отколку во воените напори преземени во текот на претходниот месец.

Иако рускиот напредок не е драматичен, сепак е конзистентен и ја отсликува новата стратегија како успешна. Русите повеќе не се обидуваат по секоја цена да ги отсечат украинските сули, туку се фокусираат на повеќе места во помал обем да го опколат непријателот и тоа дава одличен резултат.

„Гардијан“ тврди и дека Русија е опремена за долга војна, а на рака и оди и расколот што се јавува меѓу западните сојузници, кои не можат да се договорат околу бројни горливи прашања, врзани за украинската криза.

– Западот мора постојано да биде фокусиран на Украина и да биде подготвен на загуби. Путин смета на тоа дека ние ќе бидеме сè повеќе попречувани и дека тој има повеќе трпение од западните земји – вели Фил Озборн, поранешниот шеф на британската одбрамбена служба.

Share This Article