More

    Путин нема да дојде на самитот на Г-20 на Бали

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 следната недела на Бали, изјавија од руската амбасада за Франс прес во четвртокот, отфрлајќи ја неизвесноста за плановите на лидерот на Кремљ.

    -„Можам да потврдам дека (министерот за надворешни работи) Сергеј Лавров ќе ја предводи руската делегација на Г-20. Сè уште се утврдува програмата на претседателот Путин, можеби тој ќе учествува виртуелно“, изјави Јулија Томска, директорка за протокол во руската амбасада во Индонезија.

    Руската агенција РИА објави дека Путин би можел да им се обрати на учесниците на самитот преку видео врска.

    Оваа вест доаѓа по повеќемесечна неизвесност во врска со доаѓањето на рускиот претседател на Самитот на шефови на држави и влади на Г20 што Индонезија го организира на 15-16 ноември.

    Сергеј Лавров претходно го напушти состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во јули на Бали по критиките од неколку колеги за руската инвазија на Украина.

    Индонезија беше под силен притисок од Западот да ја исклучи Русија од самитот поради војната во Украина. Но, земјите од Југоисточна Азија се одлучија за политика независна од големите блокови и нагласија дека земјата домаќин мора да биде неутрална.

    Индонезискиот претседател Џоко Видодо во август изјави дека Владимир Путин ја прифатил неговата покана за самитот.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија земја не е членка на Г-20, исто така доби покана за состанокот и може да зборува преку видео врска. Зеленски минатата недела предупреди дека нема да учествува на самитот доколку Путин биде присутен.

    Индонезија го потврди доаѓањето на 17 лидери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг и Џо Бајден.

    Самитот се одржува во контекст на повеќекратните кризи, војната во Украина, загриженоста за светската економија поради долгорочната инфлација и последиците од климатските промени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img