Рускиот претседател Владимир Путин начелно одобри испраќање жито во Авганистан доколку е потребно, изјави за Канал 1 специјалниот пратеник на рускиот претседател за Авганистан Замир Кабулов.
– Меѓуресорската делегација поднесе извештај и заклучоци за својата работа во Авганистан, а Владимир Путин начелно одобри испраќање житарици, доколку е потребно. Поточно, одобрена е одредена количина житарици од Русија, се надеваме дека се квалитетни. Количината ќе биде одредена од руската влада согласно специфичноста на ситуацијата – рече Кабулов, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека проценките за жетвата во Авганистан се обесхрабрувачки, особено за житариците.
– Минатата зима беше сушна – објасни Кабулов.