More

    Путин ја анализираше економската состојба во светот

    spot_img

    Рускиот претседател, Владимир Путин, кој во моментот ја одржува својата традиционална прес-конференција за крајот на годината нагласи дека економската состојба во државата е стабилна.

    – Економијата е важна, да почнеме со неа и покрај провокативните прашања – рече Путин на почетокот, додавајќи дека економската ситуација во земјата е стабилна и дека годинава растот на БДП во Русија може да биде 3,9 или 4%.

    Путин потоа додаде дека Русија е пред Европа, а Кина, САД и Индија се пред Москва во однос на економскиот развој.

    – Еврозоната спие, но тоа не значи дека нема нови економски можности. Приходите на домаќинствата растат, но имаме некои проблеми со инфлацијата, економијата можеби е загреана и централната банка си постави барање за намалување на инфлацијата – рече Путин.

    Во исто време, тврди Путин, приходите на домаќинствата растат над инфлацијата.

    – Генерално, ситуацијата е стабилна и сигурна – додаде тој.

    Економскиот раст во голема мера е резултат на зајакнувањето на суверенитетот, вели тој.

    – Некои производители го напуштија рускиот пазар, што доведе до тоа нашите претприемачи сами да почнат да ги произведуваат овие производи. Ова е особено важно за нашата земја – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img