More

    Путин испрати порака со сочувство по земјотресот во Турција

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин упати порака со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што ги погоди јужните делови на Турција, јавува Анадолија.

    Во соопштението на Кремљ се вели дека Путин испратил телеграма со сочувство до претседателот Ердоган.

    „Ве молиме примете го моето најдлабоко сочувство за загубата на животи и големите разурнувања предизвикани од земјотресот што ја погоди вашата земја. Сакам да го пренесете моето најдлабоко сочувство до семејствата и роднините на починатиот. Посакувам брзо закрепнување на повредените како последица на катастрофата. Подготвени сме да ја пружиме потребната помош“, рече Путин.

    Најмалку 284 лица загинаа, а 2.323 се повредени во десет турски провинции од силниот земјотрес што во понеделникот наутро ги погоди јужните делови на Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img