More

    Путин: Испраќањето оружје во Украина од Јужна Кореја би било голема грешка

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја дека ќе биде „голема грешка“ доколку испрати оружје во Украина за војна против Москва.

    Сеул претходно најави дека ќе ја преиспита политиката што му забранува да испраќа оружје директно во Украина, реагирајќи на потпишувањето на одбранбениот договор меѓу Северна Кореја и Русија.

    Путин на новинарите во Виетнам им рече дека Москва ќе донесе одлуки кои на сегашното јужнокорејско раководство најверојатно не би им се допаднало доколку Сеул одлучи да му доставува оружје на Киев, пренесе Би-Би-Си.

    Москва, додаде тој, е подготвена да го вооружи Пјонгјанг доколку САД и нивните сојузници продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје.

    „Оние кои го снабдуваат ова оружје веруваат дека не се во војна со нас. Реков, вклучително и Пјонгјанг, дека го задржуваме правото да доставуваме оружје за другите региони во светот“, рече Путин.

    Сеул претходно го осуди договорот Русија-Северна Кореја како закана за нејзината национална безбедност.

    По изјавите на Путин, кабинетот на претседателот на Јужна Кореја денеска соопшти дека ќе разгледа „разни опции“ за испорака на оружје за Украина и дека нејзиниот став „ќе зависи од тоа како Русија ќе пристапи кон ова прашање“.

    Тој, исто така, го повика рускиот амбасадор Георги Зиновиев да протестира против договорот, барајќи Москва „веднаш да ја прекине“ воената соработка со Пјонгјанг.

    Иако Јужна Кореја испрати хуманитарна помош и воена опрема во Украина, таа досега одбиваше да обезбеди оружје бидејќи има официјална политика да не ги вооружува земјите во војна.

    Некои во Украина се надеваат дека продлабочувањето на воената соработка меѓу Москва и Пјонгјанг ќе го поттикне Сеул да го преиспита својот пристап.

    Аналитичарите претходно посочија дека Киев ќе ја искористи посетата на Путин на Пјонгјанг за да го зголеми притисокот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img