Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе 8 март на руските жени, мајки, сестри и девојки, но со една разлика од ланската честитка. Лани тој им вети дека нема да ја изврши мобилизацијата, анализира независниот руски медиум Медуза. Сепак, мобилизацијата се случи кон крајот септември, пренесува Њузвик.
Тој во 2022 година за празникот изјавил:
– – Да нагласам дека војниците кои служат воена служба не учествуваат и нема да учествуваат во воените дејствија. Нема да има дополнително повикување резервисти.
Путин тогаш рекол и дека само „професионален воен персонал“ ќе учествува во она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Година дена подоцна, специјалната операција стана војна, а се зборува и за втора можна мобилизација.
Во овогодинешната честитка на настан кој денеска се одржа во Кремљ рускиот претседател им додели медали и цвеќиња на лекарките и медицинските работници кои служеле во источниот украински регион Донбас во војната.
– – Во оваа сала има жени кои чесно ја извршуваат својата воена, службена и професионална должност. Соочени со директни закани за нејзината безбедност и суверенитет, гледаме многу примери на храброст и решителност, храброст, подготвеност да се залагаме за вистината – додаде тој.