Путин и Шолц разговарале, Бајден пушта 180 милиони барели нафта

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот претседател Владимир Путин наводно, во телефонски разговор вчера му ветил на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија, сепак ќе може да продолжи да плаќа за рускиот гас во евра и во долари и покрај најавите дека денес е денот Д, последниот ден, пред Русија да ја донесе одлуката, објави Дојче Веле, а пренесоа повеќе медиуми. Според Ројтерс, пак, Путин рекол дека „ништо нема да се промени за европските партнери, и покрај тоа што планот е платен во рубли“.

Додека Европа стравува дека сепак Русија ќе побара плаќање во рубљи, на светскиот пазар се појавуваат САД со испорака од 180 милиони барели нафта кои треба да бидат ставени во оптек. Администрацијата на Бајден размислува да се „ослободи“ од овие количини, кои се дел од Стратешките резерви на земјата.

Што лежи зад оваа одлука на Белата куќа? Според Ројтерс, САД со ова се обидуваат да ги намалат високите цени на нафтата и општо, на горивата. Всушност, ова е трет пат во последните шест месеци САД да ги користат Стратешките резерви за да ги „оладат“ цените на пазарот.

Сепак, нафтата брзо поскапува. Досегашните обиди да се потисне скокот на цената не беа успешни, бидејќи светската побарувачка речиси го достигна она нивото кое го имаше пред пандемијата со коронавирусот, а понудата е недоволна на глобално ниво.

Се очекува Бајден денеска да го претстави точниот план на неговата администрација за интервенција на пазарот на нафтата.

Во меѓувреме, самата вест дека Американците ќе „ослободат“ огромни количини нафта направија приверемен пад на цените на црното злато.

Share This Article