Владимир Путин и Ким Џонг Ун си подарија пушки по средбата на самитот на далечниот исток на Русија, соопшти Кремљ, а пренесува Гардијан.
Путин се обиде да ги зајакне сојузите со другите тврдокорни лидери изолирани од Западот и се сретна со Ким поради шпекулациите дека ќе се согласи за договор за оружје.Путин „му подари (Ким) пушка од наше супериорно производство. За возврат, тој доби пушка од севернокорејско производство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин, исто така, му дал на Ким „ракавица од вселенски костум која била неколку пати во вселената“, рече Песков, пренесе АФП.
За време на средбата, Ким го покани Путин во неговата земја, што рускиот лидер го прифати, објави кинескиот државен медиум KCNA.