Главниот уредник на медиумската група „Раша денес“ и на телевизијата РТ Маргарита Симоњан најави дека следната година во Република Српска програмата на таа руска телевизија ќе почне да се емитува на српски јазик.
И следната година ќе почнеме да емитуваме програма на српски јазик, која досега не постоела“, изјави Симоњанова на телевизија „Русија еден“.
Симонјан истакна дека постои портал на РТ на српски јазик, како и дека руски документарни филмови се емитуваат на државната телевизија во Република Српска.
Новинар од Република Српска на годишната конференција во четвртокот му се пожали на рускиот претседател Владимир Путин дека во тој ентитет нема медиуми на руски јазик.
Путин ја прашал дали ја имаат телевизијата „Раша тудеј“, на што таа одговорила дека немаат. Рускиот претседател вети дека ќе разговара со своите соработници за да види што може да се направи во врска со тоа.
Уредникот на РТ само еден ден подоцна објави дека руската телевизија доаѓа во Република Српска.