Париз, Берлин и Рим не се одлучни да запленат повеќе од 250 милијарди руски имот кои би биле спасоносни за купување оружје и друга помош во Украина, а Вашингтон врши притисок врз Европа за носење на оваа одлука.
Бриселски Политико пишува дека ЕУ има неколку стравови во врска со оваа агенда која ја турка администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, а дека постојат тензии од двете страни на Атлантикот во врска со ова потврдил неименуван висок службеник од САД.
„Ќе си заминат инвеститорите од Европа“
Прво, европските влади сметаат дека заплената на руски имот и средства може да ги исплаши инвеститорите во еврото, потоа, дека Москва би можела да возврати со удар врз европските средства во Русија, но и со сајбернапади. Трети страни во Европа се на ставот дека Русија сепак не треба да плаќа репарации пред да заврши војната во Украина.
Само 3 наместо 250 милијарди годишно?!
За разлика од Вашингтон, Европската комисија ќе го претстави својот многу поконзервативен план за користење само на профитот генериран од средствата, кои би вределе многу помалку – околу 3 милијарди евра годишно.
Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел вчера за новинарите изјави дека „не зборуваме за заплена на замрзнати средства“ туку дека „дискусијата е за приходите што ги произведува тој имот“.
Но, Вашингтон не може да ја спроведе оваа одлука без Европската комисија. Проблемот за САД е што огромното мнозинство од средствата се чуваат во Белгија, во сефот на „Euroclear“, така што за секој потег за заплена ќе треба европско одобрение. Постои надеж дека групата Г7, која ги обединува најмоќните економии во светот, ќе излезе со заеднички став за ова прашање подоцна оваа година.
Одмрзнување дури по завршување на војната?
Германија, Франција и Италија, кои се членки на Г7 најдоа сојузник во Европската централна банка (ЕЦБ), која постојано предупредуваше на нестабилност во еврото доколку странските земји испаничат и ги преселат своите средства надвор од Унијата.
„Политико“ пишува и дека постои среден пат за руските средства кој го предложила Белгија, а кој повеќе одговара на позициите на Европа. Тој предвидува користење на руските средства како колетарл за банкарски заеми, а со кои би се финансирала реконструкцијата на Украина.
За ова во јуни ќе се дискутира на самитот на Г7 во регионот Пуља во Италија.
Во ова сценарио Западот би му ги предал запленетите руски средства на Киев само доколку Кремљ одбие да ги врати заемите како воени репарации по завршувањето на конфликтот.
Украина чека пари, а во армијата растат поделбите
Во меѓувреме, 61 милијарда американски долари остануваат заглавени во американскиот Конгрес. Но, Украина има поголем проблем од самиот факт дека е речиси вратена на почетокот со тоа што повторно кубури со артилерија, противвоздушни ракети и општо со муниција.
Имено, препирките во самата украинска армија продолжуваат со смената на Врховниот командант Валериј Залужни. Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски не даде јавна причина зошто го сменил, сега проблем и позицијата на новопоставениот командант, генералот Олександар Сирски.
Незадоволството од Сирски е видливо во украинската армија, а тој ги презеде должностите во време кога Украинците ја изгубија клучната Авдиевка.
Некои пратеници во украинскиот парламент веќе објавуваат објави на социјалните мрежи дека Сирски ќе биде заменет со лицето кое го замени како командант на армијата – генералот Олександр Пављук.