More

    Путин ги држи вентилите со нафта и со гас, но не го контролира ветерот

    spot_img

    Западот направи ужасна грешка со тоа што продолжи да се потпира на руската нафта и гас по инвазијата на Крим во 2014 година, оцени британскиот премиер Борис Џонсон во изјава за весникот Телеграф.

    „Кога Путин ја нападна Украина во 2014 година, Западот направи ужасна грешка. Рускиот лидер изврши чин на насилна агресија и откорна огромно парче суверена држава – и ние го оставивме да се извлече“. „Се додека Западот е економски зависен од Путин, тој ќе направи се што е можно за да ја искористи оваа зависност. Затоа оваа зависност мора – и ќе заврши – сега“, истакна Џонсон.
    Во деновите што следат, Џонсон ќе се упати кон Персискиот Залив, за да се заложи за употребата на повеќе зелена енергија во Велика Британија.

    „Обновливите извори на енергија се најбрзиот и најевтин начин за поголема енергетска независност. Таа е неранлива за манипулациите на Путин. Тој може да ги држи затворени славините за нафта и гас. Но, не може да направи ништо за да го запре ветрот во Северното Море“, истакна Џонсон.

    Во меѓувреме, многу очекуваната енергетска стратегија на Џонсон повеќе не се очекува да биде презентирана оваа недела, што покренува прашања за тоа што точно ја кочи. Голем дел од досегашната работа на стратегијата се фокусираше на законските обврски на владата за нулта толеранција на емисијата на загадувачите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img