Елвис Присли, една од највлијателните културни икони на 20 век, водел турбулентен живот и бил познат по своите необични и често нездрави навики во исхраната.
Неговата исхрана ја одразувала неговата љубов кон богатата, калорична и традиционална јужна храна како пржено пилешко, пире од компири или грав со ребра и сланина.
Сендвич од речиси илјада калории
Едно од најпознатите јадења што ги сакал Елвис бил сендвичот со путер од кикиритки, банана и сланина. Се верува дека оваа комбинација првпат ја пробал за време на една од неговите турнеи, а сендвичот наводно настанал во 70-тите години на минатиот век.
Овој сендвич е комбинација од калорични состојки и силни вкусови, што го воодушевило Присли, па познато е дека често го нарачувал.
Повеќе за ова, како и видео на кое можете да ја видите целата постапка на правење на овој калоричен сендвич, побарајте на „Арт кујна“.