ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА ВО СОСУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денес во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, беше пуштена во употреба фотоволтаична централа, донација на компанијата ОКТА АД – Скопје. На настанот присуствуваше градоначалникот Кирил Пецаков.

– Дозволете ми да изразам искрена благодарност до ОКТА АД Скопје за нејзината донација и високата  општествена одговорност што континуирано ја покажува и да и го честитам 45 годишниот јубилеј и да и посакам многу успех во иднина. Ние како локална самоуправа, целосно сме посветени да обезбедиме најдобри  услови за одвивање на воспитно образовен процес на целата територија на Општина Охрид. Со реализација на овој проект, ќе се постигне значајна заштеда на енергија и ќе се намалат трошоците на училиштето што секако за нас има големо значење, бидејќи со тоа остануваат повеќе средства за подобрување на други аспекти од образовниот процес.

Почитувани присутни, ве уверувам дека како локална власт и во иднина ќе вложуваме во образованието, зошто сметаме дека тоа е најважен столб за правилно подигање на нашите деца, на кои почива иднината на Охрид и Македонија – истакна во своето обраќање Пецаков.

Директорот на енергетско планирање и развој во ОКТА д-р Ристо Јаневски, истакна дека во, годината кога слават 45 години од формирањето, со донаторските проекти сакаат да ја потврдат континуираната заложба да делуваат одговорно во заедницата во која што сите заедно живееме.

– Фотоволтаичната централа ќе придонесе во неколку важни сегменти од работата на училиштето –  намалување на  потрошувачката на електрична енергија, заштита на животната средина преку користење на обновливи извори на енергија, како и подигање на свеста кај учениците за важноста од употребата на одржливи енергетски решенија. Оваа донација претставува долгорочна инвестиција во иднината на училиштето, обезбедувајќи одржливи придобивки, не само за идните генерации на ученици, туку и за целата заедница – истакна Јаневски.

Вкупната инсталирана моќност на новата фотоволтаична централа изнесува 21,8 киловати и може годишно да произведе и до 26,5 мегаватчасови, што претставува  заштеда и до 50%  од трошоците за електрична енергија.

 

Share This Article