Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се соочува со нови санкции и повторно не му е дозволено да отпатува во САД каде што треба да учествува на турнирот Индијан Велс во Мајами, па затоа тој одлучи да остане во родната Србија и да се одмори.
На Денот на жената, тој заедно со сопругата Јелена присуствуваше на концерт на „Црвена јабука“ во Белград, па кога навивачите го здогледаа својот омилен тенисер, тие веднаш почнаа да скандираат „Ноле, Ноле“, поради што Дражен Жериќ-Жера беше принуден да го запре изведувањето на песни и да почека да се смири атмосферата.