More

    Психологот Биљана Ивановска е вратена на функцијата директор на кумановската општа болница

    spot_img

    Психологот Биљана Ивановска е вратена на функцијата директор на кумановската општа болница. Во денешното соопштение до медиумите Ивановска нагласува дека ќе се залага за реализација на проекти, набавка на современа апаратура, значајна и потребна за пациентите од североисточниот регион.

    – Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини, вели Ивановска.

    Ивановска е магистер, вработена во здравствената установа како психолог на психијатрискиот оддел. Таа е член на Комора на психолози и лиценциран психолог.

    Д-р Ивановска беше назначена за нова директорка на Општа болница Куманово на 21 септември годинава на местото на д-р Снежана Захариева на која ѝ истече мандатот. Набргу потоа беше разрешена и на нејзиното место беше поставен д-р Фати Џемаили, уролог во болнцата. Кумановската јавност бурно реагираше на нејзината смена, за која постоеја индиции дека е последица на меѓупартиски пресметки во владејачката коалиција, а не на стручни или професионални потреби.

    Кумановската болница е една од најголемите во земјава со преку 700 вработени и пружа здравствена помош за пациентите од североисточниот дел со приближно 180.000 жители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img