Прво пукал во човек, а потоа фрлил бомба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера попладне во Инџија, гратче во српската северна покраина Војводина, се случил вооружен инцидент во кој била фрлена и бомба, а снимката од надзорните камери прикажува како се одвивала ситуацијата.

На почетокот од снимката се гледа како гости седат во мирна атмосфера на терасата од едно локално кафуле. Потоа се забележува како едно лице вооружено со пиштол тргнува кон маса на која седат двајца гости, пука, а потоа по неуспешниот напад бега, по што нападнатите го бркаат.

Двајцата гости се враќаат во локалот, но исто така и напаѓачот, кој повторно доаѓа овојпат со рачна бомба којашто ја фрла, а експлозијата е снимена од надзорната камера.

 

 

Во описот на видеото поставено на Instagram страницата Moj Beograd се наведува дека извесен Драган К. е тешко повреден кога Зоран Р. ја фрлил рачната бомба, а оти претходно во ранетиот било пукано од пиштол, но напаѓачот од непосредна близина промашил.

– Тој пукаше ненадејно, веднаш штом дојде. Се сокривме, но напаѓачот се врати и ја фрли бомбата. Уште поголем шок беше тоа што Драган, кој беше повреден, сам отиде на лекар, а потоа се врати во кафулето да пие пиво – вели очевидец на престрелката и бомбашкиот напад во кафулето во Инџија.

Според локалните медиуми, ранетиот со повреди на вратот сам се пријавил во болница, а по напаѓачот по случката бил уапсен од страна на полицијата.

- Advertisement -
Ad image

За потсетување, Зоран Р. ќе одговара за постоење основи на сомнение дека извршил обид за убиство, предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, а ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица од страна на полицијата.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article