More

    Прво позајмувале, па барале назад неколку пати повеќе

    spot_img

    На подрачјето на Кисела Вода вчера околу 12:30 часот од страна на полициски службеници лишени се од слобода И.А.(43) и А.М.(43), двајцата од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Имено, во периодот од октомври 2021 до април 2022, И.А. со усмен договор му дал на заем пари на Д.И.(30) од Скопје со определена месечна камата, при што до март 2022 година Д.И. редовно му ги плаќал месечните рати по основ камата.

    Според пријавеното, на 27.03.2022, И.А. телефонски побарал од Д.И. да му даде сума пари во вредност поголема од дадениот заем за да го затвори долгот, а на 03.04.2022 повторно му се јавил, обидувајќи се да му изнуди сума пари повеќекратно поголема од вредноста на заемот, притоа упатувајќи закани до него и неговото семејство. На 04.04.2022 Д.И. го пријавил случајот во полиција, а по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, И.А. бил приведен заедно со А.М., кој бил со него при примопредавање на дел од изнудените пари од страна на Д.И.

    Во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 258, поради постоeње основи на сомнение за сторeно кривично дело „изнуда“, информираат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img