More

    Во Берово утрово е најстудено, минус 3 степени, а најтопло е во Дојран, 6 степени

    spot_img

    Во Берово утрово е најстудено, минус 3 степени, а најтопло е во Дојран, 6 степени.

    Како што соопшти УХМР, до 7.30 часот минус 1 степен е измерен во Скопје, кај Петровец и во Демир Капија, 0 степени на Попова Шапка и во Тетово, Битола, Струмица, Прилеп, Велес, а 1 степен во Куманово, Штип, Кавадарци и Крива Паланка. Два степени се измерени во Охрид, во Скопје – Зајчев Рид, Маврови Анови и Гевгелија, 3 во Крушево и 4 степени во Претор и Виница.

    Според УХМР, во текот на ноќта и изутринава краткотрајно облачноста беше помала, а потоа од запад се прошири облачност која во утринските часови се намалува најпрвин во југозападните делови.

    Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

    Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img