More

    Првиот снежен бран во Македонија доаѓа в сабота

    spot_img

    Првиот снежен бран во Македонија доаѓа в сабота.

    Според УХМР, во текот на денешниот ден (четврток, 16 ноември) времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер и со максимални температури до 18 степени. И за в петок се најавуваат максимални 17 степени, но попладне, под влијание на нов влажен и студен бран, ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

    Метеопрогнозерот Славчо Поповски најавува дека снег во повисоките градови под 1000 метри надморска височина ќе почне да паѓа уште в петок навечер, а в сабота снежните врнежи ќе бидат поинтензивни.

    Викендов ќе почне со циклонска активност од запад и продор на студен воздух од север, предвидува тој. В петок вечер и в сабота ќе има обилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи, а врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.

    Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец, повремено и локално со брзина дури до 90 километри на час. Од недела и во почетокот на наредната седмица температурите ќе се спуштат под нулата и на повеќе места ќе има појава на мраз.

    Максималните дневни температури за време на викендот значително ќе се намалат и ќе изнесуваат од 4 до 12 степени.

    Целиот регион за време на викендот ќе биде под влијание на овој студен бран од север, па така на планините ќе дојде до формирање на првата позначителна снежна покривка.

    Српските медиуми објавија снимки од првата снежна покривка на Копаоник. На планините во Србија ќе се формира снежна покривка до 20 сантиметри, а во Бугарија и до 50 сантиметри. Официјалното отворање на ски-сезоната на Копаоник е закажано за 7 декември, а ако температурите бидат ниски, до средината на декември би требало да бидат отворени сите ски-центри во регионот во кои има вештачко заснежување на патеките.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img