Кинеска стана првата личност која умре од тип на птичји грип кој е многу редок за луѓето, објави Светската здравствена организација (СЗО), но сè укажува дека овој вид не се шири меѓу луѓето.Во соопштението се наведува дека педесет и шестгодишна жена од провинцијата Гуангдонг во јужна Кина е третата личност за која се знае дека е заразена со подсојот H3N8 на птичјиот грип.
Сите овие случаи се во Кина, а првите два се пријавени минатата година.
Центарот за контрола и превенција на болести за провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец пријави трето заразено лице, но не беа објавени детали за смртта на жената.
Според податоците на СЗО, пациентот имал хронични заболувања и бил изложен на живина.
Спорадичните случаи на птичји грип кај луѓето се чести во Кина, каде вирусот постојано циркулира во големи јата диви птици.