Првиот човек на УЕФА очекува успешна соработка со Омерагиќ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин му го честиташе денеска изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Поранешниот фудбалер на Слога Југомагнат и Вардар, и долгогодишен спортски работник, 51-годишниот Омерагиќ во неделата беше избран со акламација за прв човек на македонскиот фудбал, наследувајќи го Муамед Сејдини.

Потенцирајќи дека оваа година се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, Чеферин во писмото до Омерагиќ посочи дека ФФМ изминатите три децении се работеше многу во градењето и развојот на фудбалот, па изрази уверување дека новото раководство ќе продолжи со напредокот.

„Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат“, порача Чеферин во писмото до Омерагиќ.

Share This Article