Борис Лозиќ, актуелниот извршен директор на Лидл Хрватска, исто така од јули ќе ја преземе функцијата извршен директор на Лидл Словенија и оваа функција ќе ја извршува во двете земји – и Хрватска и Словенија.
Борис Лозиќ е претседател на Лидл Хрватска од 2015 година. Кариерата ја започна во Лидл во 2006 година.
Пред да дојде во Хрватска на функцијата претседател на Управниот одбор, тој работеше како директор за продажба и логистика во Лидл Словенија, каде престојуваше 3 години, а потоа кариерата ја продолжи како член на Управниот одбор за продажба и логистика на Лидл Швајцарија, пренесува Индекс.
„Ми причинува големо задоволство што се приклучувам на тимот на Лидл Словенија на позицијата претседател на Управниот одбор. Со нетрпение ги очекувам предизвиците кои ми претстојат и сигурен сум дека со моето знаење и искуство што ги стекнав од мојата претходна работа, особено на позицијата извршен директор на Лидл на хрватскиот пазар, ќе придонесам за понатамошниот успешен развој и бизнис на Лидл Словенија“, истакна Лозиќ.
Иван Удиљак, поранешен извршен директор на Лидл Словенија, од август ќе ја преземе функцијата извршен директор на Лидл Словачка.