Првата дама на Украина, Олена Зеленска вчера ги повика светските лидери да помогнат во враќањето на украинските деца кои биле насилно однесени во Русија, каде, како што рече, биле индоктринирани и лишени од нивниот национален идентитет, пренесува Франс прес.
Зборувајќи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Зеленска рече дека повеќе од 19.000 украински деца биле насилно префрлени или депортирани во Русија или на окупираните територии. Од нив досега се вратиле само 386.
– Во Русија им рекле дека на родителите не им требаат, дека на нивната земја не и требаат, дека никој не ги чека. Им рекле дека повеќе не се украински деца, туку дека се руски – рече Зеленска.