Новак Ѓоковиќ за првпат проговори по операцијата на коленото што ја имаше во Париз и поради која се повлече пред четвртфиналето на Ролан Гарос.
Српскиот тенисер не сакаше долго да размислува по повредата, но брзо донесе одлука за операцијата која успешно беше извршена на клиника во главниот град на Франција.
„Изминатиот ден морав да донесам некои тешки одлуки откако заработив повреда на менискусот за време на мојот последен натпревар. Сè уште обработувам сè, но со задоволство ве известувам дека операцијата помина добро. Многу сум благодарен на тимот лекари кои беа покрај мене, како и на огромната поддршка што ја добив од моите фанови. Ќе дадам се од себе за да бидам здрав и подготвен што побрзо да се вратам на терените. Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одиме!“ – напиша Новак Ѓоковиќ во емотивната порака покрај фотографијата.