Првата европска брошура за ендометријален карцином денеска беше промовирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во рамки на одбележувањето на јуни – месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином – рак на ендометриум на матката.
Од понеделник таа ќе биде достапна во печатена форма за пациентите на ГАК и на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.Доктор Игор Алулоски на прес-конференција посочи дека пациентки во менопауза, над 50 – 55 години, најчесто се соочуваат со оваа болест.
„Какво било крварење треба да биде прегледано. Но, не секогаш карциномот почнува со крварење. По менопауза, барем еднаш во година, да се направи ултразвучен преглед.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.
Фото: Pexels