More

    Бирото за јавна безбедност доби нов директор

    spot_img

    Александар Јанев е новиот директор на Бирото за јавна безбедност кој ќе го замени Сашко Тасевски кој на оваа функција беше од 2018 година.

    Потврдата дека Јанев е нов директор на БЈБ може да се види и на официјалната страна на МВР, каде што на местото на Тесвски веќе е впишана биографијата на новиот раководител.

    Јанев има долгогодишно искуство на раководни позиции во МВР, а бил и началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал.

    Јанев има завршено средно полициско образование, потоа го завршува Правниот факултет во Скопје, а оваа година станува магистер по Менаџмент на човечки ресурси.

    Владата денеска има седница на која треба да ја потврди одлуката за разрешувањето на Сашо Тасевски и назначувањето на Александар Јанев за нов директор на Бирото за јавна безбедност, но оваа промена е веќе направена на страната на МВР.

    Директорот на БЈБ, на предлог на министерот за внатрешни работи, го именува и го разрешува Владата, а мандатот е четири години. БЈБ е орган во состав на Министерството за внатрешни работи што ги врши полициските работи во Министерството и чија организација и надлежност е уредена со Законот за полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img