More

    Пругата до границата е изградена, треба да се договорат техничките детали

    spot_img

    За обновување на железничкиот сообраќај со Грција преку Меџитлија директорите на претпријатијата за железничка инфраструктура од двете држави треба да ги договорат процедурите, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    Тој информира дека на средбата со грчкиот државен секретар за транспорт во Скопје е потврдена политичката волја за повторно воспоставување на добра пракса и комуникација помеѓу двете држави.

    – Од наша страна инфраструктурата е подготвена и останува на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија инфраструктура со свои работни групи да ја продолжат оваа комуникација и да ги утврдат сите натамошни процедури овој сообраќај повторно за да профункционира.  Директорите треба да договорат термини и рокови – реле Бочварски, по пуштањето на обновениот пат Битола-ГП Меџитлија.

    Во однос на изградбата на брзата пруга Ниш Скопје повтори дека по завршување на изборните активности во Србија работните групи што се формирани ќе почнат со акциски план за заеднички настап за финансии и за инфраструктурното поврзување. Дополнително, обезбедени се средства за изградба на граничниот премин Табановце од наша страна, а ќе го користат двете држави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img