По меѓусебните обинувања за тендери, пари, влијание, неработа и криминал, кулминираше кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски. Сега Мицкоски пред граѓаните треба да каже, која е неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра за пречистителната станица – побара вчера СДСМ.
„По една година од локалните избори се покажа вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје како и во општините на главниот град. Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, тие се скараа за тендери и провизии. Сите надлежни институции да ги истражат сомнежите за криминал и да следува одговорност, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа во интерес на граѓаните, кои од нив очекуваат решенија и развој, а не кавги и препукувања“ – се вели во соопштението на СДСМ.