Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ е втората инвестиција за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања.
Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, а истата ќе се реализира во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.
И четврта инвестиција која ја донесе Владата е производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора нови 700 вработувања.
Уште во првите два месеци се гледаат позитивните ефекти од владеењето на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски.
Приоритет на Владата е силен економски развој и целосна трансформација на државата, се со цел поквалитетен и подобар животен стандард на граѓаните.
Владата и во иднина ќе продолжи да работи на носење на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места.