Изложба „Македонија во светот на хералдиката“ во КИЦ Битола

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија и 10 јуни, светскиот ден на хералдиката, Македонското грбословно друштво и Културен и информативен центар Битола организираат изложба со наслов „Македонија во светот на хералдиката“. На изложбата ќе бидат претставени над 70 грбови поврзани со Македонија почнувајќи од 14 до 21 век.

Отворањето на изложбата е на 13 септември, петок во 19 часот во КИЦ Битола – Офицерски дом.

На 10 јуни 1128 година, во Руен (сегашна Франција) англискиот крал Хенри I го прогласи својот иден зет, Годфри Плантагенет за витез. Во таа прилика му е доделен грб, на син штит, шест златни лавови 3-2-1, кој се смета за прв запис за доделување на грб во историјата. Затоа овој датум се прославува како светски ден на хералдиката.

Хералдика или грбословие — наука која се занимава со правилата кои владеат при дизајнирањето, блазонирањето (опишување, читање) на грбовите. Хералдиката е севкупност на грбови како симболичен идентитет на поединци и групи и земји.

Хералдиката е уметноста на исцртување на грбовите.

Изложбата на 35 панели се состои од два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од 14 до 18 век, поделен во 3 дела: Грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија.

Вториот дел е за современи македонски грбови, поделен во 3 дела: грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови

Автори на изложбата се потпретседателот Иван Нацевски и претседателот д-р Јован Јоновски на Македонското грбословно друштво, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски, од истото друштво, кое е единственото стручно тело по хералдика во Македонија.

Share This Article